Ќерката на познатиот музичар Мајкл Џексон, Парис, прошета по црвениот тепих на фестивалот Трибека со својот вереник Џастин Лонг.
Двојката привлече големо внимание главно поради нивните координирани модни изданија, иако таа често е предмет на внимание поради нејзиниот смел избор на облека.
За оваа пригода, Парис избра фустан со цветни мотиви кој совршено го истакнуваше нејзиниот уметнички дух, додека Џастин позираше во класично црно одело и беше сосема лежерен.
Нема многу детали за нивната врска, а не се знае ни точно кога тој ѝ предложил брак, но сите го забележале прстенот на нејзиниот прст претходно оваа година. Се претпоставува дека почнале да се забавуваат во 2022 година.
Текстот (Фото) Модна магија: ќерката на Мајкл Џексон маѓепса со фустан е превземен од МАКФАКС.