Деми Мур на Мет Гала носеше фустан во облик на вратоврска, и никогаш не ја симна насмевката од лицето, дефинитивно уште еднаш покажувајќи дека вакви настани навистина ѝ одговараат.
Познатата актерка која изгледа како времето да застанало и редовно добива комплименти за својот младешки изглед, се појави во, дефинитивно, една од најинтересните креации.
Таа носеше фустан во форма на вратоврска, кој специјално за неа го дизајнираше американскиот дизајнер Том Брауни за оваа пригода. Бидејќи темата беше „Superfine: Tailoring Black Style“, фустанот беше инспириран од машката мода – а вратоврската како симбол на машката мода ја красеше оваа величествена креација.
Интересен факт е дека станува збор за фустан со рачно извезени 1.400.000 монистри, а овој неочекуван, но фасцинантен стил го надополнила со накит од брендот Shiphra.
И дефинитивно одговори на строгиот дрескод за оваа година.
Текстот (Фото) Милион и пол монистри во фустан и полн погодок за Мет Гала, а таа како да не старее е превземен од МАКФАКС.