Манекенката Брукс Надер, позната по прекарот „кралица на бикини“, го привлече вниманието на минувачите за време на неодамнешната фотосесија на булеварот Сансет.
Таа позираше во црно трико. Својот стајлинг го комплетираше со црна кожна јакна, високи потпетици и очила за сонце.
Брукс Надер е американски модел позната по соработката со престижниот бренд Sports Illustrated. Таа е родена на 7 февруари 1996 година. Од млада возраст покажала интерес за модата и гламурот, но дури откако се преселила во Њујорк, можела сериозно да се пробие во индустријата.
Нејзината кариера доби на интензитет откако победи на Sports Illustrated Swimsuit’s Model Search во 2019 година, со што се најде на насловната страница на познатото списание, кое ги лансираше кариерите на многу модели пред неа.
Истото се случи и со Брукс.
Текстот (Фото) „Кралицата на бикините“ прошета по булеварот Сансет во трико и кожна јакна е превземен од МАКФАКС.