Кралицата Летиција од Шпанија е вистински синоним за совршена елеганција. Без разлика кое годишно време е, таа знае како да доминира.

Неодамна таа воодушеви со својот избор на пролетна облека, а сега можеме со сигурност да кажеме дека има и совршена летна облека за сите пригоди.

Летиција блескаше во миди бел фустан без ракави со висока јака. Материјалот беше особено впечатлив поради својата текстура, а кралицата додаде црн ремен за да ја истакне нејзината зачудувачка фигура.

Едноставни црни чевли со отворена потпетица беа нејзин избор овој пат и повторно Летиција не направи ни најмала грешка.

Таа додаде пар висечки обетки и многу лесна шминка, истакнувајќи ја својата природна убавина.

Текстот (Фото) Кралицата Летиција го носи најубавиот летен фустан е превземен од МАКФАКС.