Новата сезона на „And Just Like That..“ е на повидок, а нејзините ѕвезди веќе почнаа да ја промовираат во Њујорк.

И кога сме веќе кај тоа, Кристин Дејвис, која ја игра донекаде срамежливата Шарлот Јорк, се појави на премиерата на третата сезона и сите беа шокирани кога го видоа нејзиното лице.

Актерката одлучи да носи тесна тоалета во „валкано“ бела боја за овој голем настан во Њујорк. Креацијата е потпишана од дизајнерката Рејчел Гилберт, а е украсена со цветни детали и монистра.

Својот стајлинг го надополни со дискретни додатоци и брановидна фризура што ѝ паѓаше преку рамената. Сепак, нејзиното лице со минимална количина шминка привлече најголемо внимание на јавноста.

Кристин успеала да го „врати лицето“ по бројните козметички процедури што ги имала во текот на изминатите неколку години.

Текстот (Фото) Конечно си го „врати лицето“: и никогаш не изгледала поубаво е превземен од МАКФАКС.