Фустанот што Ким Кардашијан го носеше на овогодинешната Мет Гала вреди 4,81 милиони долари и се смета за најскапиот фустан продаден на аукција.

Имено, се работи за фустан дизајниран од Жан Луис во далечната 1962 година, кој Мерлин Монро го носеше за да го прослави 45-от роденден на американскиот претседател Џон Кенеди.

Фустанот во боја на телото со повеќе од 2.500 рачно шиени дијаманти беше купен на аукција во 2016 година од синџирот музеј Ripley’s Believe It or Not за речиси 5 милиони долари. 

Фустанот првично чинел 12.000 долари и наводно бил толку тесен што целосно се впил во актерката, па не е изненадување што Ким подлегнала на строга диета пред да „влезе во него“.

Познатата старлета ослабе седум килограми за само три недели и сето тоа да блесне на церемонијата на Мет Гала.

Мерлин Монро го носи фустанот кога му ја пееше познатата „Среќен роденден“ на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1962 година.