( ФОТО И ВИДЕО) Амбасадорката Дир: Овој геноцид може да се запре со снабдување на Украина со средства за противвоздушна одбрана

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 866 ден од целосната руска воена агресија во објава на Х по синоќешните руски напади со крстосувачки ракети напиша:

866. Од синоќа продолжува 3-от напад на државата агресор рф. Крстосувачките ракети Х-101 и Искандер-М маневрираат над Украина. Има експлозии во Кијив. Овој геноцид може да се запре со снабдување на Украина со средства за противвоздушна одбрана! #RussiaIsATerroristState

ЦИВИЛ Медиа од свои извори во Украина доби видео и фотографии од погодена болница во синоќешниот руски ракетен напад врз Украина.

ЦИВИЛ Медиа предходно објави дека синоќа руските агресри ја нападнале Украина со ракети од воздух и од земја: четири X-101 од стратешки авиони Ту-95МС (површина за лансирање – воздушен простор на регионот Саратов) и две балистички ракети Искандер-М (површини за лансирање – Курск регион и привремено окупиран Крим). Според резултатите од борбените операции, противвоздушната одбрана уништила три крстаречки ракети X-101 во регионите Житомир и Черкаси.

Драган Мишев