Хамдан бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум, познат и како Фаза, во последно време е хит на социјалните мрежи.

Го следат околу 17 милиони луѓе, а на обожавателите во регионот им стана особено интересен кога објави фотографии од Хрватска и Црна Гора.

View this post on Instagram

A post shared by Fazza (@faz3)

Неговиот татко е шеикот Мохамед, владетелот на Дубаи и еден од најважните луѓе на Блискиот Исток. Откако братот на Хамдан почина од срцев удар, тој станал престолонаследник.

Принцот има 42 години и се школувал на Кралскиот колеџ, а потоа ги продолжил студиите во Лондон.

Во слободното време сака да оди на јавање, планинарење, нуркање, возење велосипед, а покрај сето тоа овој принц пишува и поезија.

Принцот од Дубаи не сака премногу да го експонира приватниот живот, но познато е дека се оженил во 2019 година, кога и двајцата негови браќа, а сопругата му е роднина.

Ова предизвика големо внимание и во Емиратите, а парот има три деца заедно, близнаци и трето дете кое се роди во 2023 година, а чиј пол сè уште не е познат.

Хамдан е вклучен во бројни проекти, некои хуманитарни, а некои насочени кон модернизација на Дубаи.

Текстот (Фото) Згодниот шеик го следат 17 милиони луѓе: шокираше со бракот со својата роднина, многумина не можат да одолеат на неговиот изглед е превземен од МАКФАКС.