Ако сте љубител на тотален црн изглед и црната боја, тогаш веројатно не се разделувате од него дури ни во текот на летната сезона, иако во некои ситуации можеби не е најдобриот избор за вас.
Ако спаѓате во категоријата жени кои преферираат светли бои во летните месеци, тогаш се ближи времето кога повторно можете да ја „вклучите“ црната боја во вашиот изглед и мода.
Без разлика дали преферирате црна боја во секоја сезона и пригода или преферирате темни нијанси главно во текот на есента и зимата, сезоната е пред нас во која можете да носите црна боја и да создадете најелегантни и најефективни стајлинзи без да помислите дека вашиот аутфит изгледа есенски или темно за одредена сезона.
На есен, можеме да вклучиме повеќе земјени тонови во нашиот гардеробер, како што се тонови на беж, кафеава и зелена, но и неутрални, како што се белата и сивата, и секако омилената црна боја.
За есен, можете да создадете целосно црн изглед или можете да ја вклучите црната боја во вашиот outfit на многу различни начини, без разлика дали носите црна јакна, црна маица, црни панталони или здолниште, како и парчиња со дезени што доминираат во црна боја, како што се пругасти фустани, здолништа, маици или кардигани.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) За есен со стил: најмодерните комбинации во црна боја е превземен од МАКФАКС.