Само неколку дена откако предизвика шок и јавни критики за нејзината руса коса, принцезата од Велс Кејт Мидлтон (43) одлучи да се врати „на старо“.

На трибините на Светското првенство во рагби за жени во саботата, Кејт блесна во елегантен комплет – сако, бела блуза и панталони кои ги комбинираше со дискретни обетки.

Сепак, токму нејзината коса привлече најголемо внимание. Принцезата од Велс не можеше да ги издржи бројните критики за нејзината нова фризура и се врати на својата оригинална кафеава боја.

Се чини дека нејзиниот експеримент со новата боја не успеал и под притисок на јавноста морала да се врати на својот оригинален изглед.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Експериментот не успеа? По сите критики, Кејт Мидлтон се врати на старата варијанта е превземен од МАКФАКС.