Кралицата Летиција неодамна присуствуваше на настан – доделување кралски декрети на кадети на Поморската воена академија.
На церемонијата и се придружија ќерките Софија и Леонор, како и шпанскиот крал Фелипе, па целиот настан беше во семеен дух.
Сепак, вниманието на сите собрани повторно беше насочено кон кралицата и нејзината облека. Овој пат Летиција носеше лелеав фустан во индиго сина боја, кој го истакнуваше нејзиниот струк.
Суптилните набори низ долниот дел од фустанот даваат впечаток на чиста елеганција, иако креацијата е наменета за малку порелаксирано излегување.
Покрај тоа, овој минималистички крој ја нагласи нејзината природна убавина и харизматичен изглед, а шминката во „nude“ тонови го „запечати“ ова дневно издание.
Таа на својот изглед додаде бели сандали, како и бела чанта. Со овој моден избор, кралицата Летиција докажа дека дури и наједноставните парчиња можат да изгледаат софистицирано – но само ако ги комбинирате мудро.
Фото: принтскрин
Текстот (Фото) Една од најубавите кралици повторно мами погледи е превземен од МАКФАКС.