Во сообраќајна несреќа што утрово околу 6:20 часот се случила на Обреновачкиот пат, во близина на Белград, се судрија два автобуси, при што загинаа две лица, а неколкумина се повредени, пренесува Телеграф.

„Ниту еден возач не загина, јас бев меѓу првите што помогнав. Патник во автобусот на Ласта загина, а жена беше исфрлена при ударот, од автобусот на ‘Шевиќ Турс’“, изјави сведок на несреќата.

Во болница во Белград се примени 56 повредени лица. Двајца пациенти се во тешка состојба, а дијагностиката е во тек. Сите капацитети на Ургентниот центар се ставени во функција за итна помош на повредените, пренесуваат српските медиуми.

Текстот (Фото) Директен судир на два автобуси кај Белград, двајца загинати, десетици повредени е превземен од МАКФАКС.