Моделот Џанаина се пожали дека нејзините профили на апликацијата биле избришани затоа што била „премногу убава“, па затоа се вратила на традиционалниот начин на запознавање луѓе.
Бразилската манекенка Џанаина Празерес, која беше прогласена за совршена жена од „Плејбој“, се пожали дека не може да користи апликации за запознавање бидејќи е „премногу убава“.
Како што објасни таа, корисниците го пријавиле нејзиниот профил и ѝ било забрането да ја користи апликацијата, а причината била дека изгледала „премногу добро за да биде вистински профил“ или дека била „премногу убава“.
Оваа привлечна русокоса потрошила богатство за да стане „најсовршената жена на светот“, дури 900.000 евра за околу 20 операции, за кои самата зборувала јавно, а неодамна морала да ги смени патните документи бидејќи била непрепознатлива.
Таа создала дури три профили на апликацијата за запознавање, обидувајќи се да остане на таа платформа, но залудно – сите биле отстранети.
„На почетокот мислев дека е грешка, но откако креирав три различни профили и ме избркаа од сите, сфатив дека нешто се случува. Апликацијата ми кажа само дека мојот профил изгледа неавтентично. Се обидов да се пожалам, но не добив одговор“, рекла таа во интервју за „Гламур Бугарија“.
Откако „ги прекрши упатствата“, таа одлучи да се збогува со апликациите за запознавање и да се врати на старомодниот начин на запознавање луѓе.
„Се вратив на она што го правеа нашите родители. Неформални разговори и контакт со очи“, објасни таа.
Текстот (Фото) Бразилска манекенка: Ме блокираа на апликација за запознавање затоа што сум премногу убава е превземен од МАКФАКС.