Познатиот актер Роберт Редфорд почина во својот дом, во сон, објави „Њујорк тајмс“.
Со децении важеше за еден од најголемите холивудски актери, а покрај богатата кариера, неговиот приватен живот беше инспирација за многумина.
Мистериозен љубовен живот
Тој се сметаше за омилен кај жените и голем холивудски шмекер, но неговото срце го „зароби“ Сибил Сагарс, 21 година помлада од него.
Сепак, Сибил не му беше прва сопруга. Редфорд првпат беше во брак со Лола ван Вагенен од 1958 до 1985 година и доби четири деца со неа.
Ја запознал Сибил дури во 1996 година, а се во брак од 2009 година. Таа е уметница за која тој рече дека му го променила животот. Се што е познато за нивната свадба е дека се одржала во Хамбург; двојката никогаш не сакаше да споделува детали од нивниот приватен живот.
„Таа е многу посебна личност. Помлада е од мене и е Европејка, што ми се допаѓа. Тоа е сосема нов живот за мене“, рече еднаш актерот.
Роберт Редфорд не живееше како типична холивудска ѕвезда, ретко се појавуваше на јавни настани, поради што сите сè уште се сеќаваат кога беше со својата сопруга Сибил во 2021 година на годишната церемонија на доделување награди за неговата посветеност на зачувувањето на животната средина и здравјето на планетата, организирана од принцот Алберт II од Монако.
Тоа беше и едно од ретките заеднички појавувања со Сибил.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Беше омилен кај жените, а неговото срце го украде жена 21 година помлада од него – таа му го промени животот е превземен од МАКФАКС.