Пејачката Нели Фуртадо ја освои музичката сцена во 2000-тите. Хитови како „Maneater“, „Say It Right“, „Showtime“ и други ја одбележаа младоста на многу генерации.

Сепак, канадската пејачка одеднаш исчезна од сцената. Според странските медиуми, таа се посветила на своето семејство, но и на себеси. Се здебелила неколку килограми, но тоа не ја спречува, како што еднаш истакна, да биде среќна.

„Веќе не си одземам храна и вежбам за да останам здрава“, објасни таа, признавајќи дека на почетокот на кариерата многу повеќе се грижела за својот изглед.

„Морав да бидам убава за другите, а не за себе. Фотографиите и видеата мораа да бидат совршени, а внатре буквално умирав“, рекла еднаш.

Денес, Нели Фуртадо ужива во животот, а неодамна настапи на фестивалот „Бордмастерс“ во Корнвол. Таа ја искористи можноста да отпее некои од своите најголеми хитови, но и да му покаже на светот колку се сака себеси.

За таа пригода, таа носеше маслинесто зелен комбинезон кој ги истакнуваше сите облини на нејзиното тело. Додаде и крзнен детаљ, како и сребрени аксесоари. Косата ја стилизираше на наједноставен начин.

Се чини дека вишокот килограми конечно ја ослободи Нели од оковите на перфекционизмот. Денес, таа изгледа посамоуверено, а овие фотографии на кои таа се смее се доказ за тоа.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Беше омилена пејачка во 2000-тите, а потоа исчезна: денес шокира со својот изглед е превземен од МАКФАКС.