Каде и да се појави, привлекува внимание со својот необичен изглед!
Инфлуенсерката Анастасија Покрешчук одамна има желба да стане сопственичка на најголемите образи во светот! И сега би се рекло дека го остварила својот сон. Има 32 години, моментално живее во Истанбул, а по потекло е од Украина.
Во изминатите неколку години таа правеше козметички процедури, вклучително и инјекции за филер и ботокс, фурнири, менување на обликот на вилицата и липосукција.
Филерите сама ги инјектирала!
Анастасија призна дека и вбризгувала филери во образите откако гледала различни упатства на Интернет.
-Ова можеби звучи опасно, но јас им верувам на лекарите на Интернет – истакна тогаш овој инфлуенсер.
Има самодоверба како никогаш досега
Со третманите почнала на 26 години, а посебно нагласила дека воопшто не жали за тоа. Таа подвлече дека момчињата никогаш повеќе не и се приближувале и дека и се додворуваат секој ден!
– Лицето сега е пропорционално. Носот ми беше преголем, што многу ми пречеше. Изгледав како хрчак. Сега имам усни и образи, па се изгледа добро – заклучила таа.
И додала дека воопшто не ја трогнат грдите коментари на социјалните мрежи, ниту критиките на нејзината мајка!