Холивудската актерка Ема Стоун предизвика бура од коментари на социјалните мрежи кога се појави на Неделата на модата во Париз.

Таа присуствуваше на модната ревија на Луј Витон и не беше во центарот на вниманието поради нејзиното модно издание. За таа пригода, таа избра елегантен бел памучен фустан без прерамки и додаде џемпер, но нешто друго беше во фокусот…

Нејзиното лице привлече внимание, па дури и ја засени ревијата, сè затоа што беше непрепознатлива.

„Каде е Ема Стоун?“, „Ова не е Ема Стоун“, „Што ѝ се случи“, „Нејзиното лице е сосема поинакво“, „Која е оваа личност“, „Сигурно направила нешто со лицето“, беа некои од коментарите.

И навистина, Ема е сосема поинаква. Иако изгледаше многу убаво, неверојатно е каква промена и се случила. Успеа да ги збуни сите свои обожаватели.

Актерката сè уште не се изјаснила за ова, па затоа сè уште не е познато дали претрпела некаква корекција или постигнала сè со добра шминка.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Актерката во центарот на вниманието поради нејзиното лице, изгледа сосема различно од претходно: „Која е оваа личност?“ е превземен од МАКФАКС.