Ентони Томас, готвач од Вашингтон, објави фотографија од авион на Саутвест ерлајнс и предизвика врева на мрежите.
Дали забележувате?
Ентони не можеше да поверува дека од еден куп празни седишта, еден од патниците решил да седне – веднаш зад него.
„Замислете да имате луксуз да се качите на ваков лет. Од сите седишта, погледнете каде реши да седне“, напиша тој.
Фотографијата предизвика жестока дискусија, а повеќето останаа запрепастени од одлуката на непознат маж, пренесува Daily Mail.
„Не е важно пријателе. Спуштете го потпирачот до крај. Тој е виновен“, напиша едно лице.
Друг продолжи: „Исто како кога луѓето паркираат до вас, а имаат многу слободни места“.
Многумина истакнуваат дека веднаш би станале и би барале друго место, а вие како би реагирале? Пишете ни во коментари.