Селена Гомез наскоро ќе се мажи за Бени Бланко, а фотографиите од нејзината моминска забава ги воодушевија сите обожаватели кои конечно имаа можност да ја видат среќна.

Свадбата е се поблиску, за што сведочат најновите објави на кои Селена слави моминска забава во Мексико. Таа ги собра своите најблиски пријатели на јахта, а за таа пригода позираше во едноставен фустан со гол грб.

Таа носеше и бел вел извезен со зборовите „идна невеста“, а имаше и бело бикини.

Пријателите се погрижија сè да изгледа совршено, украсувајќи го ентериерот со бели балони во облик на срце, а насекаде имаше фотографии од Бени Бланко.

Меѓу објавите имаше и една што ги збуни сите, а се фокусираше на трудничко стомаче, но веројатно станува збор за некоја од нејзините пријателки.

Селена и Бени се свршија минатата година, по нешто повеќе од една година врска, а освен љубовта, ги поврзува и соработката на нејзините песни.

фото: принтскрин

Текстот Фотографијата со трудничкиот стомак ги збуни сите: Селена Гомез ја прослави моминската забава е превземен од МАКФАКС.