Руските власти денеска соопштија дека пресретнале 126 украински беспилотни летала во текот на ноќта, главно над нивните јужни региони Волгоград и Воронеж.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 64 беспилотни летала над регионот Волгоград и соседната област Воронеж , додека останатите биле насочени кон пограничните региони.

Рускиот претседател пред два дена рече дека неговата земја е „за“ прекин на огнот, но наведе „важни прашања што треба да се решат“, откако САД и Украина подготвија 30-дневен план за прекин на огнот за време на неодамнешните разговори во Саудиска Арабија.

Текстот (Фото+видео) Голем украински напад врз Русија – соборени 126 дронови е превземен од МАКФАКС.