Големи пожари избувнаа низ Велика Британија изминатите денови поради наглото покачување на температурата, а во денешните извештаи на британските медиуми се наведува дека бранот пожари ја зафатил и Северна Ирска.

Противпожарната служба на Северна Ирска соопшти дека повеќе од 100 пожарникари и 14 противпожарни возила биле испратени на местото на пожарот во Сендбенк Роуд во Хилтаун, округот Даун, пренесува Sky News.

– Фронталниот дел од пожарот се наоѓа на околу 3,5 километри од пространото шумско подрачје и населените места – се наведува во соопштението на северноирската противпожарна служба.

Голем број пожари избувнаа низ Англија во изминатата недела поради невообичаено топли и суви временски услови за овој период од годината. Во саботата, хеликоптери беа испратени да се борат со уште еден голем пожар, четврти што избувна во Шкотска во изминатата недела.

Шкотската полиција соопшти дека пожарот, кој започнал во областа Њутон Стјуарт, се проширил на север и предупреди дека до полноќ пожарот ќе се прошири во областа Лох Доон во Источен Аиршир.

Текстот (Фото+видео) Апокалиптични сцени од Британија: Повеќе од 100 пожарникари на терен, пожарот се прошири и во Северна Ирска е превземен од МАКФАКС.