Компанијата за видео игри „Епик гејмс“ ја најави новата сезона на „Фортнајт“ (Fortnite) и вети дека ќе ги подари сите пари што ќе ги заработи овие две недели за помош на Украина. По само еден ден, фирмата објави дека се собрани 36 милиони долари (околу 32,7 милиони евра).
Новата сезона на „Фортнајт“ е веројатно еден од најпрофитабилните потези за играта поради иновативните новости во содржината. Оваа видео игра е поднасловена „Отпор“ и нуди можности за градби по волја на играчите, а достапни се и ликови како Доктор Стрејнџ.
И други компании за видео игри се приклучија на акцијата за помош на Украина.