Извршниот директор на Формула 1 Стефано Доменикали разговараше со премиерката на Тајланд, Пенгтогтан Шинаватра за плановите за организирање трка на улиците на Бангкок.

Премиерката рече дека Владата ќе нарача физибилити студија за можноста трката да се одржи во главниот град од 2028 година, објави Би-Би-Си.

„Верувам дека сите жители на Тајланд ќе имаат корист од организирањето на овој настан, без разлика дали тоа е преку големи инфраструктурни инвестиции, отворање нови работни места, генерирање нови приходи и увоз на нови технологии и иновации“, рече Шинаватра.

Доменикали рече дека плановите биле „импресивни“.

Во северозападниот дел на Тајланд, во Бурирам, постои патека која е акредитирана од Меѓународната автомобилска федерација (ФИА). На оваа патека се возат трки во Мото Гп шампионатот.

Оваа сезона, шампионатот во Формула 1 ќе има 24 трки, вклучувајќи четири во азиско-пацифичкиот регион.

Сезоната започна минатиот викенд со трка во Мелбурн.

Текстот Формула 1 планира улична трка во Бангкок е превземен од МАКФАКС.