Возбудливата сезона во Формула 1 доби нов заплет во Мексико каде Карлос Саинц победи по втор пат оваа сезона и ја направи борбата за шампионската титула уште покомплицирана и во конкуренција на возачи и во конструктори.

Брилијантниот старт на Ферстапен во оваа сезона навестуваше дека Холанѓанецот лесно ќе дојде до нова шампионска титула. Сепак, тоа не се случи. По последната победа на Ред Бул во Шпанија имавме четири различни победници, Ферстапен победи седум пати, по еднаш славеа Саинц, Норис и Леклерк.

Но, она што се случи по Шпанија беше сè освен очекувано на многу начини. Прво, Ред Бул се во серија од десет трки без победа, што се нема случено од 2014 и 2015 година кога имаа низа од 30 трки без победа.

Второ, добивме уште три различни победници од трката во Австрија, со што вкупниот број на победници се искачи на седум. Ова се нема случено од 2012 година кога осум различни возачи беа на највисокото скалило на подиумот.

Но, последното нешто што отиде уште подалеку во минатото е бројот на возачи со најмалку две победи, по победата на Саинц во Мексико сега е шест, две Ферари (Леклер и Саинц), два Мекларен (Норис и Пјастри), Мерцедес (Хамилтон) и Ред Бул (Верстапен).

Последен пат таква ситуација беше во 1981 година, кога исто така шест возачи имаа најмалку по две победи, првите петмина и седмопласираниот во генералниот пласман таа сезона.

Тоа беа шампионот Нелсон Пике, кој ја освои својата прва од трите титули, Карлос Ројтман, шампионот од 1980 година Алан Џонс, Жак Лафит, Ален Прост и Жил Вилнев кој беше седми.

Покрај споменатите шест возачи победи и Џон Вотсон, така што вкупниот број на победници е седум, како и во 2024 година.

Но, во 1981 година беа возени само 15 трки, додека возачите во 2024 година веќе извозеа 20 трки и имаат уште четири пред крајот, што ги прави шесте двојни победници од 1981 година уште поневеројатни.

Следната трка од овогодинешниот шампионат се вози веќе овој викенд за Големата награда на Бразил во Сао Паоло.

Текстот Формула 1 на ова чекаше 43 години е превземен од МАКФАКС.