Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија
Наскоро во Давос ќе се одржи четвртиот состанок на Советниците за Национална безбедност и Советниците за Надворешна политика во врска со спроведувањето на Формулата за мир предложена од Претседателот на Украина Володимир Зеленски. На овој важен состанок исто така ќе учествуваат и претставници на Република Северна Македонија.
Всушност, форматот на Формулата за мир останува единствената работна платформа за клучните принципи на мирот во Украина.
Ќе потсетам дека формулата за мир на Претседателот на Украина вклучува десет чекори:
- Радијациона и нуклеарна безбедност;
- Безбедност на храната;
- Енергетска безбедност;
- Ослободување на заробениците и депортираните лица;
- Обновување на територијалниот интегритет на Украина;
- Повлекување на руските трупи и прекинување на воените дејствија;
- Враќање на правдата;
- Еколошка безбедност;
- Спречување на ескалација на војната и повторување на агресијата;
- Потврдување на крајот на војната.
Десетте компоненти на Формулата за мир се целосна структура. Секоја компонента на оваа Формула ќе има механизам за имплементација, чиишто одделни делови веќе се наоѓаат на агендата на земјите-учеснички.
Украина мора да ја надмине руската агресија, да го издржи ракетниот терор и нуклеарната уцена на државата агресор.
Во текот на 686 дена, Украинците покажаа херојски отпор и продолжуваат да прават многу навидум невозможни работи, вклучително го спречија рускиот план за блицкриг, ја продолжуваат херојската одбрана, ги обновуваат критичните инфраструктурни објекти, цивилите храбро го издржуваат ракетниот терор и масовното гранатирање.
Целите на рф, кои толку крвнички и упорно ги искажува раководството на кремљ, се „демилитаризација“ и „денацификација“ на Украина, и денес остануваат почетна точка на државата агресор.
Реализацијата на горенаведените цели на рф значи илјадници убиени и десетици илјади повредени цивилни лица, речиси 3 милиони Украинци останаа без покрив над главата, а повеќе од 7 милиони Украинци беа принудени да ја напуштат Татковината.
По неуспешниот руски блицкриг, рф подло прибегна кон војна на истоштување.
руската агресија против Украина предизвика кардинална трансформација на безбедносната политика во светот.
Отпорот, издржливоста и храброста на Украинците заслужуваат почит, како и тоа партнерите и прогресивниот свет да продолжуваат да помагаат.
За формирање на нова европска безбедносна средина, меѓународната поддршка за Украина мора да се зајакне, а не да се успори. Примената на механизмот за санкции против државата агресор рф мора да биде 100% – барем до моментот на прекинување на воената агресија на рф против Украина и целосно повлекување на напаѓачките руски трупи од привремено окупираните територии на Украина.
рф пропагира и спроведува политика на агресија и војна.
Украина го брани својот суверенитет и територијален интегритет. Со цел да се заштити животот, Украина предлага да се имплементира Формулата за мир, со што ќе се стави крај на војната и агресијата на руската федерација.
Постепено се зголемува бројот на држави кои ја поддржуваат Формулата за мир предложена од Претседателот на Украина Володимир Зеленски. Се надеваме дека Глобалниот Самит за Мир ќе се одржи со максимален број на држави кои се заинтересирани за враќање на Мирот и клучната вредност – Безбедноста.