Европската Унија целосно ќе се откаже од руската сурова нафта и рафинирани производи до крајот на годината, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, пред Европскиот парламент во Стразбур, најавувајќи го шестиот круг санкции против Москва поради окупацијата на Украина.

Advertisements

„Путин треба да плати висока цена за својата брутална агресија. Ќе се откажеме од испораките на сурова нафта во рок од шест месеци и рафинирани производи до крајот на годината. Ова ќе биде целосна забрана за увоз на руска нафта, која доаѓа од цистерни и цевководи, сурова и рафинирана нафта. Нема да биде лесно. Некои земји-членки се во голема мера зависни од руската нафта. Но, ние едноставно треба да работиме на тоа“, рече Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен при презентирањето на предлогот, кој треба да биде одобрен од сите 27 земји за да стапи во сила, не спомена никакви исклучоци од оваа забрана, иако Унгарија и Словачка, две земји-членки на блокот, се многу зависни од увозот на руска енергија и се изјаснија против забраната.

Сепак, претседателот на Европската комисија рече дека едногласната одлука за нафтените санкции „нема да биде лесна“. Таа, исто така, најави исклучување на најголемата руска банка Сбербанк од меѓународниот систем за финансиски комуникации-СВИФТ.

Шестиот пакет санкции, кој се очекува да биде одобрен во наредните денови, ќе вклучи и воени претставници вклучени во злосторствата извршени во Буча и Мариупол, рече Лејен. Високата претставничка на ЕУ рече и дека три руски државни медиуми ќе се исклучат со преносите во ЕУ, бидејќи според неа тоа се „мегафони на лагите на Путин“.

Алсат