Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската Унија можеби ќе мора да го намали нивото на отвореност кон увозот од Кина доколку Пекинг не воведе рамнотежа во трговските односи и додаде дека кинеските лидери почнале да го разгледуваат ова прашање и изразиле подготвеност да поддржат поголема потрошувачка.

„За разлика од другите големи пазари, Европа го држи својот пазар отворен за кинески стоки. Ова ја одразува нашата долгогодишна посветеност на трговијата базирана на правила. Сепак, Кина не возвраќа на оваа отвореност“, изјави фон дер Лајен за новинарите по состанокот со кинеските лидери во Пекинг, според Ројтерс.

Самитот Кина-ЕУ се одржува во Пекинг и, според официјалните лица, тоа е клучна можност за продлабочување на стратешката соработка, промовирање на меѓусебно корисни односи и обезбедување глобална безбедност и стабилност, по повод 50-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Европската Унија, пренесува Танјуг.

Текстот Фон дер Лајен: ЕУ можеби ќе мора да го намали нивото на отвореност кон увозот од Кина е превземен од МАКФАКС.