Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на панелот на Конференцијата за безбедност во Минхен истакна дека „не може повеќе да има сиви зони низ Европа“.
Таа изјави дека земјите кои граничат со Европската унија мора да одлучат „или се со Путин или се со демократиите“, објавија западните медиуми.
Фон дер Лајен повтори дека Украина и Западен Балкан припаѓаат на „европското семејство“ и ЕУ сака тие да се приклучат.
Таа нагласи дека ЕУ е подготвена да се брани себеси и своите демократски вредности и ги поздравува земјите што ги споделуваат истите.
Г. Т.