Предлогот за гласање за недоверба на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и нејзината Комисија не помина во Европскиот парламент во Стразбур.

Фон дер Лајен и Европската комисија преживеаа гласање за недоверба, при што 175 пратеници гласаа за предлогот, 360 беа против, додека 18 беа воздржани, според медиумите.

Бројот на гласови „за“ беше далеку под потребното двотретинско мнозинство од вкупниот број гласови за предлогот да биде усвоен.

Урсула фон дер Лајен не беше присутна во салата за време на гласањето.

Групата на социјалисти и демократи (С&Д) во замена за својата поддршка доби ветување во врска со следниот долгорочен буџет на ЕУ, а ова ветување ќе биде ставено на тест веќе следната недела кога Комисијата ќе го објави својот предлог, според написите.

Десничарските групи „Патриоти за Европа“, „Европа на суверени нации“, како и многумина од „европските конзервативци и реформисти“ и неколку делегации од левата страна на политичкиот спектар гласаа за предлогот за недоверба.

Текстот Фон дер Лајен го преживеа гласањето за недоверба во парламентот е превземен од МАКФАКС.