Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Киев изјави дека Украина во март ќе добие 3,5 милијарди евра од Европската унија.

Според неа, Украина ќе има корист и од плановите на Европската унија за зголемување на производството на оружје и зајакнување на одбранбените капацитети, пренесува Ројтерс.

Фон дер Лајен утринава со воз отпатува за Киев, каде што се одржува самитот на европските лидери по повод третата годишнина од почетокот на војната во Украина.

„На третата годишнина од бруталната инвазија на Русија, Европа е во Киев. Денеска сме во Киев, бидејќи Украина е Европа. Во оваа борба за опстанок, не е во прашање само судбината на Украина. Ова е судбината на Европа“, рече Фон дер Лајен во објава на мрежата Х утринава.

Текстот Фон дер Лајен во Киев: Украина во март ќе добие три и пол милијарди евра од ЕУ е превземен од МАКФАКС.