Супер ПАК (Политички акциони комитети) чиј основач е најбогатиот човек на светот, Илон Маск, инаку голем поддржувач на поранешниот претседател Доналд Трамп, се наоѓа под истрага од канцеларијата на државниот секретар на Мичиген за начинот на кој собира податоци за гласачите.
NEW: The pro-Trump PAC backed by billionaire Elon Musk is under investigation by the office of Michigan’s secretary of state. @JocelynBenson‘s office is looking at whether the PAC has broken any state laws with their data collection efforts. https://t.co/6JmnYLRmgJ
— Brian Schwartz (@schwartzbCNBC) August 4, 2024
Да се потсетиме, Америка ПАК или Супер ПАК е основан од донатори кои доаѓаат од технолошката индустрија. Фондацијата се формира во мај и собра 8,75 милиони долари до крајот на јуни, според поднесоците на Федералната изборна комисија.
Иако поднесоците на ФЕК сè уште не покажуваат никакви донации од Маск за ПАК, основачот на Тесла изјави дека го основал ПАК со намера да направи „некои донации“, но ги негираше извештаите дека ќе донира по 45 милиони долари месечно за Трамп до крајот на кампањата, што вкупно би била фантастична сума од 180 милиони долари. ЦИВИЛ МЕДИА веќе пишуваше за тоа дека Тесла ги негираше овие извештаи.
Америка ПАК (Политички акциони комитети) на Илон Маск се најде под лупа откако Си-ен-би-си во петокот објави линк на веб-страницата на групата која ги насочува поддржувачите да се регистрираат за да гласаат, но дека всушност не го прави тоа, туку само собира информации за нив, што е противзаконски.
Што се случува? Според Си-ен-би-си, веб-страницата вели дека ќе му помогне на посетителот да се регистрира да гласа. Но, штом корисникот ќе кликне на „Регистрирај се да гласаш“, искуството што тој или таа ќе го има може да биде многу различно, во зависност од тоа каде живее.
Ако корисникот живее во држава која не се смета за конкурентна на претседателските избори, како Калифорнија или Вајоминг, на пример, ќе биде побарано да го внесе својот мејл и поштенски број, а потоа се насочува кон страницата за регистрација на гласачите за нивната држава или назад кон оригиналниот дел за пријавување.
Но, за корисниците кои внесуваат поштенски број што покажува дека живеат во држава во кој конкуренцијата за Републиканците е висока, како Пенсилванија или Џорџија, процесот е многу поинаков.
Наместо да бидат упатени на страницата за регистрација на гласачите во нивната држава, тие се упатуваат до формулар кој бара детални лични информации – адреса, телефонски број, возраст итн.
Доколку се согласат да го поднесат сето тоа, системот сè уште не ги упатува на страницата за регистрација на гласачите. Наместо тоа, им покажува страница со „Благодариме“.
Дали на повидок е голем скандал поврзан со незаконско прибирање податоци на гласачите и политичкото финансирање во изборите во САД, ќе покаже истрагата.
Подготви: Џ. Д.