Македонските фудбалски екипи ги поминуваат зимските подготовки во Анталија каде што преку пријателските натпревари ја темпираат формата пред пролетниот дел од сезоната.
Така и составот на Вардар се подготвува и ќе се обиде преку Втората лига – Запад да се врати во елитата.
Скопските „црвено-црни“ објавија дека се договорени првите три контролни натпревари кои што ќе ги одиграат во вториот дел од подготовките кои ќе бидат во турската Анталија.
На 28 јануари ќе тестираат против украинската Полисја Житомир, на 1 февруари е мечот со рускиот СКА Ростов, а три дена подоцна против Том Томск од Русија.
Претходно ФК Вардар промовираше две засилувања, повратникот Дарко Мицевски и Ване Јованов кој дојде од редовите на Академија Пандев.