Земјите-членки на Европската унија признаа дека прекинот на транзитот на гас преку Украина е проблем кој претставува закана за целата ЕУ, објави на Фејсбук словачкиот премиер Роберт Фицо по завршувањето на вонредниот самит на европските лидери во Брисел.
Фицо пред самитот изјави дека ќе бара во заклучоците од овој собир да се најде формулација за изнаоѓање решение за продолжување на транзитот на гас преку Украина до Словачка и предупреди дека во спротивно ќе ги блокира заклучоците од самитот, пренесува Ројтерс.
Европскиот совет ги повикува Комисијата, Словачка и Украина да ги интензивираат напорите за изнаоѓање изводливи решенија за прашањето за транзитот на гас, земајќи ја предвид загриженоста на Словачка“, се наведува во усвоениот текст.
Фицо изјавил дека ваквата формулација е прифатлива, пренесува Танјуг.
„Доколку заклучоците содржат таква формулација, немаме причина да не ги поддржиме“, додаде премиерот на Словачка.
Текстот Фицо: Земјите од ЕУ признаа дека прекинот на транзитот на гас преку Украина е закана за целата Унија е превземен од МАКФАКС.