Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во 2030 и 2034 година.
Светското првенство во фудбал во 2030 година ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко. Ова издание на натпреварот ќе се одржи точно 100 години по првото.
Интересно е што покрај овие земји, поради стогодишнината од Мундијалот, три натпревари ќе се одиграат во Јужна Америка, по еден во Аргентина, Парагвај и Уругвај.
Тоа ќе бидат воведните три натпревари на првенството.
Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Да потсетиме, следното Светско првенство ќе се одржи во 2026 година во Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави. Тоа ќе биде и прво Светско првенство со 48 селекции во групната фаза, наместо досегашните 32.
Актуелен светски фудбалски шампион е Аргентина, која триумфираше во 2022 година во Катар.
Текстот ФИФА ги потврди организаторите на СП во 2030 и 20234 година е превземен од МАКФАКС.