Вечерва, во фоајето на Националната опера и балет,  со почеток во 20 часот, во рамките на нивната турнеја по повод 50-годишнината од основањето, финскиот мешан хор „Доминанте“, под диригентската палка на маестро Сепо Мурто, ќе изведе разновидна програма со дела од светскиот репертоар и ќе ја даде светската праизведба на композицијата „Јовано Јованке“ од македонската композиторка Дарија Андовска.

Концертот во Скопје се одржува по неколкудневни подготовки на хорот во Охрид. Во Скопје хорот ќе одржи и заедничка проба со мешаниот хор на ФМУ „Драган Шуплевски“, предводен од маестро проф. Сашо Татарчевски.

Хорот „Доминанте“, основан во 1975 година при Универзитетот „Аалто“ во Хелсинки, е еден од најпознатите фински хорови, препознатлив по својот блескав звук и уметничка извонредност.

Текстот Финскиот хор „Доминанте“ со светска премиера на „Јовано, Јованке“ од Дарија Андовска во НОБ е превземен од МАКФАКС.