Претседателот на Финска, Александар Стуб, изјави дека Украина не смее да ја доживее судбината на Финска по Втората светска војна, кога беше принудена да се прилагоди на новата безбедносна реалност.

Во интервју за францускиот весник „Л’Експрес“, Стуб нагласи дека поддржувачите на Киев нема да дозволат да се повтори такво сценарио.

„Ова не треба да се случи. Украина не треба да се најде во истата ситуација во која се најдовме ние по Втората светска војна. И сигурен сум дека нема да дозволиме тоа да се случи“, рече финскиот лидер.

Тој додаде дека првиот чекор во решавањето на кризата е постигнување прекин на огнот, по што би следувале преговори за териториите.

Во претходните изјави, финскиот претседател нагласи дека добро ги познава руските позиции, но нагласи дека Финците не се плашат од соседството со Москва и дека се чувствуваат „непоколебливо“.

Фото: принтскрин

Текстот Финскиот претседател: Украина не смее да ја повтори нашата судбина по Втората светска војна е превземен од МАКФАКС.