Финска на 12 мај ќе одлучува за својата апликација за членство во НАТО, пишува финскиот весник „Илталехти“, повикувајќи се на свои владини извори. Одлуката би била донесена во два чекори: првично финскиот претседател Саули Ниинисто би објавил дека го дал одобрението, а пратеничките групи по него. Дебатата во Финска за членството во воената алијанса на НАТО започна откако Русија ја започна окупацијата на Украина на 24 февруари. Слична дебата се води и во Шведска. Двете земји со децении се воено неутрални. Финска дели 1.300 километри граница со Русија, додека Шведска нема директна граница со руската држава. Русија предупреди на последиците за НАТО доколку дозволи членство на Финска и Шведска.

Advertisements

Прикажи повеќе