Финска ја одобри 22. испорака на воена помош за Украина во вредност од околу 190 милиони евра, соопшти финското Министерство за одбрана, цитирано од Укринформ.
Министерството наведуваат дека помошта ги зема предвид и потребите на Украина и состојбата со ресурсите на финските одбранбени сили, но што ќе содржи помошта и како ќе биде испорачана не се открива од безбедносни причини.
Пакетот вклучува и производи купени од фински производители со посебно финансирање од 30 милиони евра.
„Имаме многу процеси во домашната индустрија и ние, во Министерството за одбрана, работиме за да гарантираме дека овие процеси можат да се користат поефикасно за поддршка на Украина. Еден пример за ова е нашето домашно производство на муниција“, рече финскиот министер за одбрана Анти Хаканен.
Според него, Финска во моментов развива долгорочен план за поддршка на Украина.