Во фокусот на министерскиот состанокот на НАТО ќе бидат руската инвазија врз Украина и можниот брз прием на Финска и на Шведска во Алијансата. Притоа неизвесно е како Турција ќе се позиционира на средбата.

Шведска и Финска ќе присуствуваат на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој треба да започне во Берлин подоцна во текот на денот.

Advertisements

Иако не се членки на Северноатланската воена алијанса, Финса и Шведска се повикани на состанокот, бидејќи се очекува двете земји наскоро да поднесат барање за членство во НАТО како реакција на рускиот напад врз Украина.

Со влегување во НАТО, Шведска и Финска би го загубиле повеќедеценискиот воено неутрален статус.  Домаќин на неформалниот министерски состанок на НАТО во Берлин ќе биде шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс СтолтенбергГенералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

(Не)единство во Алијансата

На состанокот во Берлин ќе присуствува и Турција, која во петокот беше единствена членка на НАТО која се спротистави на приемот на двете земји во Алијанстата. Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговата земја, која е членка на НАТО, „не е наклонета“ заприемот на Шведска и на Финска во Северноатланската алијанса.  Ердоган како причина за таквиот став ја наведе наводната поддршка на Шведска и другите скандинавски земји за курдските борци и за други групи, кои Анкара ги смета за терористи.

„Скандинавските земји се однесуваат како пансион за терористичките организации“, рече тој во петокот, зборувајќи за курдските и левичарските милитантни групи. Тој исто така, ја обвини Грција, која е членка на НАТО, оти ја користи Алијансата против Турција, велејќи дека Анкара не сака да се повтори таа „грешка“.

Како членка на НАТО, Турција би можела да стави вето на одлуката за приемот на двете земји. „Внимателно го следиме развојот на случувањата во врска со Шведска и со Финска, но немаме позитивно мислење“, рече Ердоган.