Тимот за безбедност на Facebook презема нови чекори за заштита на корисничките профили во Украина.
Фејсбук им нуди на Украинците алатка за „заклучување на нивните профили“ и создава центар за специјални операции со цел „внимателно да се следи“ што се случува во Украина, која е нападната од Русија.
Алатката за заклучување на профилот им овозможува на корисниците пристап со еден клик до дополнителни функции за приватност и безбедност, откри директорот за безбедност на Мета, Натаниел Глејчер.
„Штом профилот е заклучен, луѓето кои не се на списокот на пријатели на корисникот не можат да ја преземат или споделат фотографија од профилот или да гледаат објави на временската линија“, рече Глајхер.
Ова не е првпат Facebook да ги охрабрува корисниците во небезбедните делови на светот да ги заклучат своите профили. Истата алатка им беше дадена на жителите на Авганистан во текот на летото по повлекувањето на американската армија од таа земја. Мета посочува дека оваа алатка ќе биде особено корисна за новинарите, активистите и другите кои се изложени на поголем ризик да станат „мети“.
Социјалната мрежа формираше и специјален тим за следење на настаните во Украина.
„Како одговор на воениот конфликт во Украина, формиравме Центар за специјални операции во реално време. Тој е составен од експерти, вклучително и луѓе што зборуваат украински за подобро да ја следат ситуацијата и да реагираат што е можно поскоро“, се вели во соопштението на Мета.