Холанѓанецот Макс Ферстапен доби казна од пет секунди на постигнатото време во спринт пред трката за Големата награда на Бразил во Сао Паоло.

Акуелниот светски првак возеше речиси паралелно со заедно со Оскар Пјастри (Австралија, Мекларен) непосредно пред да биде повлечено виртуелното безбедносно возило од патеката, односно во момент кога возачите се уште не добија дозвола повторно да се тркаат.

Третото место на подиумот, зад возачите на мекларен Ландо Норис и оскар Пјастри, му припадна на Шарл Леклер од Ферари.

Во генералниот пласман Ферстаоен сега има 44 поени повеќе од Норис, следуваат Леклер со 297 и Пјастри со 258 поени.

Трката за Големата награда на Бразил се вози во недела со почеток во 18 часот по македонско време.

Текстот Ферстапен остана без место на подиумот во спринтот пред ГН на Бразил е превземен од МАКФАКС.