ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк.

„Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од интерес во врска со фаталното пукање врз Чарли Кирк на Универзитетот Јута Вали“, објави ФБИ на социјалните мрежи.

Полицијата и американските федерални агенти потврдија претходно денес дека пронашле снајперска пушка за која се верува дека е употребена во атентатот врз влијателниот конзервативен активист Чарли Кирк за време на неговиот говор на Универзитетот во Јута, но убиецот е сè уште на слобода и по него се води потрага.

Текстот ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк е превземен од МАКФАКС.