Англиската фудбалска асоцијација (ФА) објави извештај за истрага во која се вклучени тренерот на Ливерпул Арне Слот и судијата Мајкл Оливер.
Оливер судеше на натпреварот Евертон-Ливерпул (2:2) на „Гудисон Парк“ на 12. февруари кога му покажа црвен картон на Арне Слот по натпреварот поради протест.
Слот беше суспендиран на два натпревари и казнет со 70.000 фунти. Истата казна ја заработи и неговиот прв помошник, кој доби парична казна од 7.000 фунти.
ФА, денеска објави што му рекол Слот на судијата Оливер по дуелот кој заврши 2:2, благодарение на голот на Џејмс Тарковски во осмата минута од судиското надополнување, иако натпреварот беше продолжен за пет минути.
„Се што судеше, судеше за нив. Се надевам дека си горд на својата работа. Ако не ја освоиме Премиер лигата, ти ќе бидеш е..но крив“, рекол тренерот на Ливерпул, според извештајот на ФА.
Слот одби да признае дека го кажал сето тоа и истакна дека е точно дека претерал со зборовите поради фрустрација, но не и дека ги употребил тие фрази.
Текстот ФА откри што му кажал Слот на судијата Оливер е превземен од МАКФАКС.