Сѐ уште постои опасност од зголемен број на хоспитализации поради високата заразност на омикрон, иако првичните податоци покажуваат дека оваа варијанта на коронавирусот е помалку опасна, предупреди главниот специјалист за инфективни болести на САД, Ентони Фаучи,

Advertisements

„Единствениот проблем е што ако имате толку многу случаи на инфекција, дури и ако стапката на хоспитализација е помала кај омикрон отколку кај делта, сепак, постои опасност да има голем пораст на хоспитализации, што може да го оптовари здравствениот систем“, истакна Фаучи во интервју за Си-Ен-Ен.

Се проценува дека омикрон варијантата на коронавирусот е одговорна за 58,6 проценти од инфекциите со ковид-19 во САД според податоците од 25 декември, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Прикажи повеќе