За само еден час на трпезата ќе се најдат пијани бомбици, топли и спремни да ги воодушеват вашите драги луѓе.

Состојки:

250 грама путер

2 лажици вода

половина кесичка прашок за пециво

2 лажици мастика

1 лажичка цимет

650 грама брашно

1 шолја масло

100 грама мелени бадеми

100 грама мелени лешници

100 грама шеќер во прав

Начин на подготовка:

Со миксер измешајте го путерот и две лажици шеќер во прав. Кога путерот ќе стане пенест, додадете ги мелените лешници, мелените бадеми, прашокот за пециво, циметот, водата, мастиката и маслото. Промешајте и додадете брашно, па продолжете со месење со рака.

Тавата ја обложуваме со хартија, а од тестото формираме топчиња и ги редиме на неа. Печете 40 минути на 200 степени.

Испечените колачи наредете ги во чинија за сервирање и посипете ги со шеќер во прав.