Тренерот, Хулен Лопетеги изјави дека голманот на Вест Хем, Лукаш Фабијански бил свесен и разговарал со него, откако бил однесен на носилки во првото полувреме од натпреварот со Саутемптон. Фабијански имал жесток судар со противнички фудбалер.
Дефанзивецот на „светците“, Нејтан Вуд налета на полскиот голман откако овој веќе расчисти една нафрлена топка пред неговиот гол во 29. минута.
Вуд доби жолт картон поради невнимателниот потег, а Фабијански откако седум минути му се укажуваше помош беше изнесен од теренот на носилки, а на лицето имал маска за кислород.
Лопетеги потврди дека голманот не бил хоспитализиран, туку останал на стадионот каде Вест Хем дојде до победата со голот на Џерод Бовен во 59. минута.
„Доби силен удар во главата, во вратот и не беше многу свесен за своите постапки. За среќа, тој зборува, буден е и свесен“, изјави Лопетеги.
Текстот Фабијански се чувствува добро по повредата со која се здоби на „Сент Мери“ стадионот е превземен од МАКФАКС.