Правната битка меѓу американската актерка Блејк Лајвли и Џастин Балдони доби нов пресврт, бидејќи во целата ситуација сега е вмешано уште едно познато име. Откако пејачката Тејлор Свифт стана дел од оваа правна драма, сега се споменува и актерот Хју Џекмен.

Конфликтот помеѓу Блејк и Џастин трае веќе неколку месеци, а тужбите кои ги поднеле еден против друг само дополнително ја искомплицирале ситуацијата.

Блејк Лајвли го тужеше Џастин Балдони за сексуално вознемирување, создавање непријателска средина на снимањето и обвинувања за организирање кампања со цел да се оцрни нејзината репутација. Меѓутоа, Џастин возврати со тужба и во неа го спомна сопругот на Блејк, Рајан Рејнолдс, што предизвика дополнителна тензија. Покрај тоа, во неговата тужба се споменува и името на Тејлор Свифт, што значително ја оддалечило пејачката од нејзината блиска поранешна пријателка.

Според новите информации, актерот Хју Џекмен би можел да биде повикан да сведочи во овој случај. Адвокатскиот тим на Балдони го истражува однесувањето на Рајан Рејнолдс за време на снимањето на „Ова завршува со нас“, а Џекмен би можел да има клучна улога во разјаснувањето на тие тврдења.

Џекмен и Рејнолдс се долгогодишни пријатели, а двајцата глумеа во филмот „Дедпул и Вулверин“. Постои можност Џекмен да биде повикан на сослушување пред судењето за да помогне да се разјасни ситуацијата.

Изјавата на Џекмен може да биде пресудна бидејќи тој често бил во друштво со Блејк и Рајан за време на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“. Џекмен исто така помогна во промовирањето на филмот, а изворот верува дека веројатно бил свесен за негативните разговори што се воделе за Балдони.

Исто така, се тврди дека Џекмен учествувал во вкрстена промоција на филмот со Тејлор Свифт, што сугерира дека сите тие биле поврзани во тоа време.

Адвокатот Брајан Фридман, кој го застапува Балдони, неодамна тврдеше дека филмот „Дедпул и Вулверин“ го исмева Балдони преку ликот на Ниспул. Ликот носел фризура која Балдони ја носел во минатото, а во дијалогот на Ниспул се споменува социјален активизам, што, според адвокатот, е јасна референца за Балдони.

Фридман истакна дека шегите што Рајан Рејнолдс ги правел во „Дедпул и Вулверин“ всушност го исмевале Балдони, што сериозно ги поткопува тврдењата на Блејк за сексуално вознемирување. Според него, доколку Блејк била сексуално вознемирувана, не би било соодветно нејзиниот сопруг да се исмева со Балдони.

Изворот напомена и дека на сослушување би можела да биде повикана и Тејлор Свифт, бидејќи била блиска пријателка на Блејк Лајвли, но неодамна се оддалечиле. Сите овие нови околности може дополнително да ја искомплицираат правната битка која трае веќе неколку месеци.

Текстот Уште едно познато име се споменува во правната драма помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони е превземен од МАКФАКС.