Поранешната советска лизгачка и бронзена медалистка во парови Ина Волјанскаја била во патничкиот авион кој се урна по судир со хеликоптер во Вашингтон, изјави извор за руските медиуми.
Ина Волјанскаја, поранешна лизгачка која се натпреваруваше за Советскиот Сојуз, беше тренер во Клубот за лизгање во Вашингтон.
Волјанскаја е дел од стручниот штаб на тимот на Ашбурн Ајс Хаус од Вирџинија, кој се натпреваруваше на првенството на САД што се одржа во Вичита од 21 до 26 јануари.
Претходно спортскиот агент Ари Закаријан изјави дека во авионот што се урнал имало лизгачи и поранешни руски тренери. Американскиот лизгач Џон Маравила рече дека најмалку 14 лизгачи биле на летот, не сметајќи ги тренерите и членовите на семејството.
Текстот Уште еден поранешна лизгачка била во авионот што се урна во ледена река: се враќале од првенството во Канзас е превземен од МАКФАКС.