Уште девет држави се приклучија  во тужба против Гугл, во која се тврди дека компанијата го прекршила законот за регулирање на пазарната конкуренција во бизнисот со дигитално рекламирање, објави Министерството за правда на САД.

Advertisements

Кон тужбата се приклучија и сојузните држави Аризона, Илиноис, Мичиген, Минесота, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Каролина, Вашингтон и Западна Вирџинија.

Владата поднесе тужба во јануари со осум сојузни држави (Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Њу Џерси, Њујорк, Род Ајленд, Тенеси и Вирџинија) тврдејќи дека Гугл незаконски ја користи својата доминација во дигиталното рекламирање.

Гуглги негира тие тврдења и бара од судот да ја отфрли тужбата поднесена во Вирџинија.

Прикажи повеќе