Ученик од основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Нов Белград е однесен во полиција на разговор, објави српски Блиц.

Се сомнева дека вчера во училиштето донел список за убивање и нож.

Момчето е испрашувано од полицијата по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, а се вели дека станува збор за ученик во седмо одделение.

Сите околности на инцидентот сè уште се утврдуваат, а деталите не се познати.

Текстот Ученик од седмо одделение приведен во Србија: донел нож и список за отстрел во училиште е превземен од МАКФАКС.